Агенцијата за катастар на недвижности (АКН) од вчера работи според стандарот ИСО 9001:2008 кој предвидува подобар квалитет на катастарските услуги според однапред дефинирани и стандардизирани процедури. На директорот на АКН, Славче Трпески, сертификатот му го врачи Бошко Гавовиќ, директор на сертификациската куќа ТМС ЦЕЕ од Белград, членка на германската групација ТУВ СУД. Нивен тим во март годинава во Агенцијата за катастар на недвижности изврши комплетна проверка на процесите и процедурите неопходни за сертификацијата. На добивањето на сертификатот претходеше повеќемесечна посветеност на вработените во Агенцијата за усогласување на процедурите и работните процеси, согласно ИСО-стандардите. Преку овој сертификат Агенцијата пред се ќе го подигне нивото на услугите на нашите корисници, според однапред дефинирани и стандардизирани процедури.
Агенцијата за катастар на недвижности (АКН) од вчера работи според стандарот ИСО 9001:2008 кој предвидува подобар квалитет на катастарските услуги според однапред дефинирани и стандардизирани процедури.
На директорот на АКН, Славче Трпески, сертификатот му го врачи Бошко Гавовиќ, директор на сертификациската куќа ТМС ЦЕЕ од Белград, членка на германската групација ТУВ СУД. Нивен тим во март годинава во Агенцијата за катастар на недвижности изврши комплетна проверка на процесите и процедурите неопходни за сертификацијата.
- На добивањето на сертификатот претходеше повеќемесечна посветеност на вработените во Агенцијата за усогласување на процедурите и работните процеси, согласно ИСО-стандардите. Преку овој сертификат Агенцијата пред се ќе го подигне нивото на услугите на нашите корисници, според однапред дефинирани и стандардизирани процедури - рече Трпески.
За три недели, како што најави Трпески, Катастарот треба да добие и сертификат Катастар 2014, согласно стандардите на Меѓународното здружение за катастар.
- Ќе пуштиме во употреба систем со кој ќе бидат обединети правото и геодезијата, што се бара со овој стандард - посочи Трпески.